Калиштанска

14.05.2022 16:40

За семејството Танасковски

Во Калишта еден Ламбе
во Ламбета едно срце
едни раце седум усти


Ниту Ламбе разум губи
ниту раце му се слаби
Куќа куќи стега заби


Има раце да ги рани
има срце да ги брани
од луѓето неразбрани


Има риби езерото
има месо во рибите
има лебец во месото


Везден ора низ водјено
врз бран јазди под бран бразди
сила сее лебец жнее


Во Калишта еден Ламбе
во Ламбета многу љубов
и трижтолку уште грубост


Колку може толку чини
чекори врз немаштини
преколнува недобрини


Едни пати мустак сука
кога неволја го клука
та пцоста со гнев ја плука


Туркај Ламбе жити бога
истрај машки без тревога
иде радост кога-тога


Тешко ли е машки плешки
напни здрави да се ќешки
Зло ли дојде – по волчешки!

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото