Веќе 11-ти ден не поминуваат, а поминаа вкупно трипати од дроновите и видеата на Орце
Четвртина 21. век изминат. Луѓе зборуваат за вештачка интелигенција, за криптовалути, за скорешен лек за сите видови канцер.
Кај нас на локалните избори се смени една, седна друг, а Комунална хигиена пак не ни ги празни кантите за смет - си ги чуваме секојдневно претпорти, на и онака тесната улица, преполна со коли и канти. Веќе 11-ти ден не поминуваат, а поминаа вкупно трипати од дроновите и видеата на Орце. Веќе не се знае ни дали ќе биде четврток, понеделник или таму негде февруари-март.
Тукушто го наполнив багажникот со кеси со ѓубре, да го испразнам во некој од контејнерите кај комшиите од зградите. Декември, 2025. Немам што да додадам за оваа криза што ни се случува.
Всушност, сакав да додадам фотографија oд багажникот, но ми е срам од пријателите странци - вака, на македонски, барем нема да прочитаат.
Исто ко ни оние што ги плаќаме за да нѐ држат во оваа заложничка криза.