За половите

21.05.2022 12:53
За половите

 

Не сакам да бидам еднаква со мажите. Не сакам да имам исти права со нив. Не сакам тие да ги работат женските работи, а јас машките. Зошто би го сакала тоа? Не се восхитувам на маж што нишка дете, ниту на жена седната на директорска фотелја. Ниту ме прави задоволна сликата на жена-железничар или на маж-воспитувач во градинка. Сеедно ми е. Кој што сака – тоа нека биде. Во моето искуство со мажи нема простор за лоши сеќавања повеќе одошто во искуството со жени. Животот сам по себе е полн со мили и немили спомени, неврзани за пол или род.

Светот не е бајка каде што мажите срамежливо ги гледаат жените в очи и клечат пред нивната возвишеност. Ниту, пак, жената е невино цветче што венее под машката чизма. Ништо и никогаш нема да ја поништи разликата меѓу двата пола. Слободата да бидеш тоа што сакаш е неприкосновена. И колку таа е поголема, толку разликите меѓу половите се повидливи. Се лаже секој што мисли дека може да ја задуши човековата природа.

Слика: Zoe Hawk

Извор за текстот: Синоличка Tрпкова - „Никогаш не кажувам“; Арс либрис, 2021

ОкоБоли главаВицФото