И покрај сè

21.05.2022 13:57

И покрај сè,
не сакаш повеќе да именуваш
сматни облици и облаци
иако попусто се враќаш
со полни дланки светлина,
попусто играш тешко оро
врз цвет од сончоглед
и напразно со кус поглед
ја жнееш сета сончевина.

Нема облак и облик
што ќе ја збере
твојата горчлива плунка
и ќе ја истури
како порој врз грешните
што ја пелтечат првата буква
од своето дебело име.

И покрај сета празнина
го одбиваш со презир допирот
на тие што сакаат да сменат сè
и да именуваат нова полнотија
со леснотија на празни фрази,
за кои и планината дури
има тежина на глуварка –
на тие што патуваат по светот
со пластична насмевка
и лажен пасош.

Свесен си
за непорекливото растење
што ти ’рти од секој збор,
но и покрај сè (и над сè, би рекол),
не можеш да (и)менуваш ништо друго
освен една јасна, но несфатлива болка
за сопственото паѓање.

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото