Работилница за мапирање на занаетите во Скопје

27.05.2022 12:50
Работилница за мапирање на занаетите во Скопје

„Занаетот е клин што открива остри разлики во идеологиите за вкус и вредност. Занаетот ги поларизира и урива теоретските позиции за тоа што значи создавање/творештво денес. Занаетот е современ бидејќи е стожерот помеѓу уметноста и трговијата, помеѓу работата и слободното време, помеѓу минатото и иднината. Не постои такво нешто како „современ“ и не постои такво нешто како традиционален занает. Со сите негови сложености, со сите негови различни регистри на значење низ историјата, низ класите, меѓу половите, низ институциите, занаетот е сѐ од овие работи, некои од овие работи, ништо од овие работи.“ Џулија Брајан-Вилсон, „Единаесет (контрадикторни) предлози како одговор на прашањето: Што е современ занает?“, во Занает, ед. Тања Харод, Галерија Вајтчепел, 2018 година, стр. 68.

Во рамки на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, Контрапункт ве поканува да се вклучите во интердисциплинарната, работилница за мапирање на занаетите во Скопје. Работилницата како и истражувачкиот процес на мапирање ќе му пристапи на занаетчиството од повеќе аспекти, и токму затоа покануваме да се вклучат уметници, дизајнери, архитекти, занаетчии, истражувачи, антрополози, етнолози, социолози, историчари, историчари и теоретичари на уметност и други креативци заеднички.

Целиот овој процес ќе биде под водство на уметникот Билал Јилмаз (Истанбул) и кураторката и теоретичарката на уметност Лидија Хаѕиоану (Солун). Концептот на Јилмаз и Хаѕиоану е возбудлив процес коj ги поврзува наследеното и современото преку мапирање и колективно откривање на потенцијалот на занаетчиството, древното, наследеното, но и она кое е современо во Скопје.

Уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану се занимаваат со занаетчиството и неговата повеќеслојна врска со уметноста, наследството, индустријата, технологијата, родовата динамика, продукцијата и потрошувачкото општество. Заедно, тие ја развиваат Creative-Craft платформата, дигитална алатка и физички концепт за мапирање-поврзување-реактивирање и редефинирање на современото значење на занаетчиството, со цел да го откријат нивниот културен, економски и одржлив потенцијал за производство на креативни идеи во пост-индустриската ера.

За време на работилницата, учесниците ќе се запознаат со овие концепти, како и со Craft Net, дигиталната алатка на Creative-Craft Platform. Мисијата на Craft Net е да мапира занаетчиски јадра преку учество на локалната креативна, но и теориски посветена заедница, да создаде мрежа на занаети, да ги поттикне креативците да ги изведуваат своите идеи во занаетчиските простори и да изгради заемно корисен одржлив производствен модел за креативци и занаети.

Учесниците на работилницата ќе имаат можност да ја користат апликацијата за истражување на Craft Net за мапирање на локалните занаетчии и колективно да креираат занаетчиска карта на Скопје. Преку процесот на мапирање, учесниците ќе ги откријат локалните занаетчиски работнлничарски јадра и можностите за производство што ги нудат. Исто така, преку интеракцијата со занаетчиите, архитектите, уметниците, дизајнерите, и учесниците ќе се запознаат со алтернативната историја на градот како производствен простор, како и со традиционалните материјали, алатки и техники. За време на мапирањето, учесниците ќе собираат предмети, звуци и приказни од мапираните занаетчиски искуства, кои ќе ги презентираат на крајот од работилницата. Овие материјали ќе се искористат за создавање на инсталација светло-сенка-звук, која ќе го визуелизира истражувањето и ќе ги дистрибуира резултатите до локалната јавност.

Целиот процес ќе стави акцент на повеќе аспекти од занаетчиството: социолошкиот, антрополошкиот, теорискиот, уметничкиот.

Времетраење:
16.06.2022 - 24.06.2022

Пријавување најдоцна до 06.06.2022
Линк за пријавување

***
Проектот е поддржан од
Алијанс културштифтунг /  и Министерство за култура

ОкоБоли главаВицФото