Работилница „Имагинарни архиви“ - преосмислување на пејзажите од иднината

27.05.2022 13:00
Работилница „Имагинарни архиви“ - преосмислување на пејзажите од иднината

PrivatePrint студио објавува повик за учесници во „Имагинарни архиви“ - работилница за преосмислување на пејзажите од иднината. Работилницата ќе се одржи на 8 и 9 јуни во 17 часот. 

На работилницата „Имагинарни архиви“ учесниците ќе бидат поканети да замислат како локалниот пејзаж би изгледал во иднината, имајќи ги на ум предвидувањата за опустинување на Јужна Европа врз основа на веќе видливите промени во животната средина.

Во рамките на ова сценарио, ќе се обидеме да го замислиме пејзажот и соживотот во него, преку цртање и изработка на колажи. Овие колективни замисли ќе создадат архива на предвидувања за можната иднина на опустинетата Европа.

Работилницата е дел од проектот „Опустинување на Европа“ (Desertification of Europe) на Хајоне Серато и Џон Халс (cerrato-halls.com) што ќе биде објавен во рамки на Emerging Concepts Edition на PrivatePrint. Авторите ја организираат оваа работилница врз основа на своето истражување, со цел заедно со учесниците да се создадат мноштво колективни слики.

Сите се добредојдени!

Доколку сте истражувач, активист или едноставно ве интересираат темите со коишто се занимава проектот (опустинување на почвата, климатски промени, биодиверзитет) пополнете го следниот формулар за учество на работилницата на 8 јуни 2022 г. 

Доколку сте уметник, дизајнер или креативец заинтересиран да учествува, пополнете го следниот формулар за учество во работилницата на 9 јуни 2022 г. - 

Рокот за пријавување и за двете работилници е 5 јуни.

Бројот на учесници е строго ограничен на најмногу 12 лица за секоја од работилниците.

Работилниците ќе траат 3 часа со пауза и ќе се одржуваат на англиски јазик.

Информации на: info@privateprint.mk.

За авторите:
Хајоне Серато (живее во Германија) и Џон Халс (живее во Велика Британија) (cerrato-halls.com) развиваат соработничка практика насочена кон теми поврзани со поимот за вредност и нејзиното создавање во рамки на современите општества. Нивниот пристап е мултидисциплинарен.

Во својот проект „Опустинување на Европа“ пристапуваат спекулативно во отворање на темата за животната средина и климатските промени со фокус на Европа. Проектот го третира проблемот на опустинувањето (особено) на Јужна Европа и што тоа би значело на нашата средина, изгледот на пејзажот, како тоа ќе влијае на нашиот живот, храна, поглед и замисли за иднината.