1022 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 15:59
Изненадува изјавата на премиерот Ковачевски кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата.
Прво, тоа воопшто не е точно. Од каде му е тој впечаток на премиерот!?
Јас постојано сум низ земјите членки во последните години, и од позиција на министер, ама и сега и ниту гледав ниту гледам разбирање за анахроните антиевропски бугарски позиции. Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани, се јавна тема кај комшиите веќе подолго време.
А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија, оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите.
Изјавата на Ковачевски е во најмала рака невнимателна.
Но, исто така може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции.
Никола Димитров, Фејсбук, 19.05.22.