1021 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 14:22
На 27 мај 2022 г. во МКЦ се одржа промоцијата на антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“.
На 27 мај 2022 г. во „Младинскиот културен центар“ во Скопје се одржа промоцијата на антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“. Книгата е издание на „Темплум“, дел од едицијата „Магма“ која годинава одбележува 20 години. Во книгата се застапени 73 автор(к)и со вкупно 219 раскази. Цртежите (околу 80) се дело на Перо Георгиев, а графичкиот дизајн го направи студиото „Кома“.
На промоцијата во салата „Фросина“, меѓу другите посетители, дојдоа и дваесетина од застапените автор(к)и, а за антологијата зборуваа приредувачите и уредниците, Никола Гелевски и Владимир Мартиновски. Покрај нив на настанот свои и туѓи раскази читаа и Влада Урошевиќ, Анета Попова, Оливера Ќорвезороска и Рамадан Рамадани. Читањето на расказите го „озвучуваше“, низ своевиден перформанс, музичкиот состав „Бонсаи Афиони“, специјално за таа пригода составен од Владимир Лукаш, Владо Манчевски, Владимир Мартиновски и Вук Митевски (првите тројца се застапени и како автори во антологијата).
Фотографиите од настанот се дело на Небојша Гелевски.