Згура

31.05.2022 13:25

(Џгури кај Кратово, мај 1981)

Ни сонцето не ќе ја разбуди,

ни дождот не ќе ја одјалови.

 

Таа е како здробен земјин костур,

извадена ѝ е сржта,

однесена за војни и градби

каде што човекот го кажувал своето.

 

Згура.

И нам ни е така понекогаш

при замав без порив,

при јалови допири,

кога сме фатени во немоќ

да бидеме дар за другите.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото