„Филмај“ - фестивал за краток филм

31.05.2022 15:21
„Филмај“ - фестивал за краток филм

„ФИЛМАЈ" 2022 фестивалот на краток филм - Куманово ќе се одржи oвоj четврток (2 јуни 2022), во НУЦК „Tрајко Прокопиев" – Куманово, со почеток во 19 часот.

За четвртото издание на ФИЛМАЈ фестивалот, организиран од фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово, влезот ќе биде бесплатен за сите посетители. Подигање на картите ќе е на билетарата на Центарот за култура, а вратите ќе бидат отворени од 18:45 часот.

Во два 90-минутни блока (со пауза од 20 минути помеѓу) ќе бидат прикажани 11 филма.

Наградени филмови се косовскиот „Изместено“ режиран од Самир Карахода, македонскиот „Северен Пол“ со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, „Божиќен Ангел“ (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм „Обичната Ели“ и најдобар краток филм „Сама“ од Хрватска.

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот „Импровизирана земја“, италијанскиот „Свет син“, „Work It Class!“ од Шпанија, австралискиот „Мајсторот“ и „Сочувствување“ (САД), како и домашниот студентски документарец „Мачор“ на авторката Тина Величковиќ.

Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

ОкоБоли главаВицФото