Проширена поетика: романтичното, модерното, современото

07.06.2022 15:19
Проширена поетика: романтичното, модерното, современото

Во рамките на КРИК 07 - фестивал за критичка култура, ќе се одржи тридневниот семинар „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“, предводен од Нејтан Браун. 

Во доцните 1790-ти, романтичарите од Јена развија концепт за поезис, Romantische Poesie, како основа на сите уметности, но и како основа за етичкиот и политичкиот живот. Овој семинар ќе се заснова на поголем истражувачки проект, во кој ќе се акцентира тврдењето на романтизмот како движење во чија основа е вткаен фактот дека станува збор за средство за следење на односите меѓу уметностите и политиката на формата, од модернизмот преку алатките на современоста до поетиката на интердисциплинарност.

Во три сесии од по 2 часа, ќе бидат истражувани неколку студии на случаи, кои ги обединуваат визуелната уметност, музиката, поезијата и политичката револуција, додека ја поврзуваат современата и модернистичката уметност со парадигмите од добата на романтизмот.

Првата сесија ќе се фокусира на нецелосноста на песните на Чарлс Олсон Максимус во однос на теоријата за фрагмент и проект на Фридрих Шлегел. Втората сесија ќе се фокусира на цитатите на Жан-Мишел Баскијат на Бетовеновата симфонија Ероика, во неговото доцно дело, сугерирајќи дека значењето на цитатите на Баскијат може да се сфатат преку романтичарските пристапи кон музиката и поезијата како поле на асоцијативни фрагменти. Третата сесија ќе се фокусира на спекулативното, ретроактивно тврдење на Еме Сезер дека слободниот стих е инаугуриран од револуцијата на Хаити, со што ќе се следи врската помеѓу модернистичката поетика на Негритуд и револуционерната политика од 1790-тите и раните 1800-ти.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

Семинарот ќе се одржи во КСП Центар-Јадро и ќе се одвива на англиски јазик.

Линк за пријавување

ОкоБоли главаВицФото