Роботите меѓу нас

07.06.22 15:12

Илустрациите се дел од импресивната серија на полскиот уметник Јакуб Розалски, кој слика роботи и футуристички воени машини ставајќи ги во пасторалниот пејзаж на едно полско село од почетокот на 20 век. Историјата на роботите е барем еден век зад оваа интересна алтернатива, но роботите влегуваат во нашиот живот на сличен начин како што ги гледа Розалски - нејасно и незабележливо, додека ние сме фокусирани на други нешта.

Розалски е независен концептуален уметник и илустратор, роден во 1981 година во Кошалин. Најпознат е како креатор на уметничкиот проект „Светот од 1920+“, алтернативен универзум на нашиот, алтернативна источна Европа на почетокот на 20 век, како место каде традицијата се судира со модерноста, а светот сè уште е полн со тајни и празни места на мапата. Според овој проект биле изработени и друштвената игра Scythe  и видео играта Iron Harvest.

 

 Извор: Artstation

ОкоБоли главаВицФото