
Пак бистрите гневна палитика.
Државата, тоа сум јад.
Дом е кога умот, срцето и телото ти живеат на иста адреса.
Ако само тебе ти гори под нозете, веројатно си искриминиран.
Потиштен ќе беше поштен, да не беше ти.
Среќата со пи-ари не се купува.
Светов е ваков пошо compass нема врска со compassion.
Којзнае како ѝ е на Земјата што не знае дека светот го вртат парите.
Можеби однадвор делува ко главата да ми е тапан, ама однатре е глобус.
Не ти е тоа интуиција, предрасуда ти е.
Абе не ми кажуј, на фацата му се глеа дека е пун предрасуди.
Дното е трамбулина.
Народ поделен и во време на природни непогоди не треба да се плаши за својата небиднина.
Ако сите сме дел од истиот тим, ќе бидеме НашТимани.
Тој не знае да се грижи за друг, та за себе ќе се грижи.
Штом ќе научиш да слушаш, ќе се најдеш опкружен од луѓе кои знаат што зборуваат.
Сите слушнаа за намалените цени – попуст(о) беше.
Цените се како децата. Оставете ги на раат да си скокаат!
Слики: Brian Kershisnik