Нејзина песна

15.06.2022 11:11

Заинатено молчам и не ја погледнувам,
ѝ го вртам грбот штом ќе ми пријде
цел еден ден,
ден што е зима,
ден што е брег.
Отворам фиоки, затворам врати,
преместувам сè од обратната страна
една цела ноќ,
ноќ што е лето,
ноќ што е река.
Излегувам надвор меѓу туѓи куќи,
затегнати лакови, вперени стрели,
цел еден ден,
ден што е лето,
ден што е река.
Ја оставам заклучена зад девет врати,
се кријам зад десет перници-тврдини
една цела ноќ,
ноќ што е зима,
ноќ што е брег.
Ми влезе во сонот,
го отвори блокот
и со мојот молив
песна запишува.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото