Смеа под бесилките

16.06.2022 15:56
Смеа по бесилките

 

За второто издание на книгата на Раде Радовановиќ „Смеа под бесилките. Сè што сакавте да не знаете за војната во Косово“.

Книгата за која се работи е специфичен историски документ. Во неа може да се најдат точни податоци за човечките жртви во војната во Косово, последна во серијата војни (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина) во 1990-тите, во кои сложената југословенска држава етапно за распаѓаше. Но, за разлика од секој поединечен документ, книгата е целосна слика на војната и српското општество.

Во војната во Косово загинаа и исчезнаа 13.536 лица, од кои 10.802 (80%) се Албанци, 2.137 (16%) се Срби, а 526 жртви се од други националности.

Меѓутоа, човечките жртви во војната во Косово не се само бројки. Тие стануваат важен детал од војната, дури кога се набљудувани во контекст на српското општество во 1990-тите. Тоа ја прави книгата специфичен историски документ. Значи: народот и интелигенцијата, власта и опозицијата, внатрешната и надворешната политика на Србија по крајот на Студената војна и падот на комунистичките режими, различни концепции за разрешување на југословенската криза по 1980 година, односите меѓу југословенскиот центар и републиките, особено Косово и Србија.

Новинарот и публицист Раде Радовановиќ, како дописник на Радио Слободна Европа (RFE/RL), известуваше за војната, а потоа - 30 години подоцна - напиша книга за таа војна. Во двата случаи, тој цврсто стои на мислењето дека само вистината е лековите. Како силен лек во големи дози, таа помага да се одвои заболеното ткиво од здравото, во надеж дека само тоа може да придонесе за заздравување на целината. Се разбира, средствата се различни. Во општеството функцијата на хируршки нож ја има критиката. Таа ја претпоставува слободата. Бидејќи дури во дијалогот се формира општествена свест за врската помеѓу причините и последиците. Со други зборови, индивидуална и институционална одговорност за последиците од одлуките. Радовановиќ ова никогаш не го губи од вид. И кога пишува за она што српското општество за време на војната не сакало да го знае, и кога ја заокружува сликата на општеството во војната. Што ја објаснува неговата постојаност: карактерот, личниот морал, професионализмот? Во секој случај, постојаноста во 90-тите години во Србија не беше правило, туку исклучок. А исклучокот требаше да се изолира, со стигматизацијата на Радовановиќ како американски шпион и национален предавник. Тоа не е прв пат, но примерите на дисквалификација дури од неодамна почнаа да го привлекуваат вниманието на српските историчари, за разлика од странските историчари. И Раде Радовановиќ беше препознаен дури кога со својата работа ја проби локалната затвореност. За известувањето за војната во Косово во 2000 година ја доби Претседателската награда. По тој повод, претседателот на компанијата RFE/RL, Томас А. Дејн му напиша:

Почитуван Раде,

Поради вашата извонредна работа за RFE/RL, ве избрав да ја примите Претседателската награда за 2000 година. Засекогаш сум Ви благодарен за она што го правите во нашата мисија за промовирање на демократијата. Се радувам на Вашите идни достигнувања.

Известувањето на Раде Радовановиќ за војната во Косово покажуваше дека во оваа војна, како и во секоја друга, постои граница меѓу доброто и злото. И едната и другата страна во оваа поделба имаат различни нијанси и типови на изразување. Границата не поминува само низ народот. Таа ги разделува и интелигенцијата, политичарите, дипломатите, новинарите... Луѓето имаат различни мотиви, намери и интереси. Во овој поглед, ни RFE/RL не беше исклучок. Реакциите на Претседателската награда во 2000 година беа различни. Повеќето колеги се радуваа и му честитаа на лауреатот. Директорот и главен уредник на Балканскиот сервис, Ненад Пејиќ, наместо честитки, му рекол на Радовановиќ: „Немој да мислиш дека сега никој ништо не ти може“. На тоа Радовановиќ одговорил: „Ти не ми можеш ништо да, Пејиќ... Ни ти, ни оној во Белград, ни оној во Вашингтон... не сакаш да сфатиш дека твојата моќ не зависи од твоите намери, туку од мојата согласност - а јас не се согласувам“. Кратко и јасно, Раде Радовановиќ не се согласуваше да лаже наместо да ја кажува вистината. Ниту за пари, ниту за кариера. Ниту во име на националните интереси, кои ги претпоставуаше политичката пропаганда. Односно, Водачот со своите залудени следбеници.

Во известувањето на Раде Радовановиќ познати се местото на настанот, неговите актери и бројот на жртвите. Меѓутоа, во контекст на кризата на југословенската држава, овие конкретни податоци добиваа различни толкувања. Низ нив се кристализираа и различни концепти за решавање на кризата. Доволно убедливи за да покажат дека она што се случува не беше единственото можно. Во Србија, веќе во средината на 1980-тите, дојде до општествен консензус за решавање на српското прашање како државно прашање. Косово станува моќно оружје во борбата за таа цел. Односно, за промена на уставната положба на Република Србија, која беше дефинирана во Уставот од 1974 година. Во Србија, како единствена од југословенските републики со две автономни покраини („во три дела“), се предизвикуваше недоверба во југословенската федерација, но и чувство на повреденост, што доведе до вистински излив на емоции во српското општество кои беа испровоцирани и канализирани на речиси сите нивоа. Во таа атмосфера дојде до нагло оддалечување од рационалното промислување на интересите и реалните можности. Речиси до степен на заболеност.

Всушност, војната во Косово е одамна подготвуван со злоупотреба на косовскиот мит, но и со политички одлуки без предвидување на нивните последици. Таа започна со обезглавувањето на Албанците: отстранување на умерените, југословенски ориентирани луѓе од политичките функции. Продолжи со укинувањето на стекнатите права, завршувајќи со примена на насилство воа широк спектар. Во војната во Косово дојдоа до израз сите карактеристики кои се опфатени со терминот „балканизација“. Но и карактеристиките на државата во распад. Во Србија за време на војната во Косово функционира само авторитарниот лидер. Сите други институции, вклучително и армијата и полицијата, постапуваат самоволно. Се убива и се ограбува албанското население. На отпорот на Албанците се одговара со употреба на полиција и војска. Во исто време, јавноста во другите југословенски републики и во светот се солидаризира со Албанците во Косово. По интервенцијата на НАТО алијансата следува реванш. Србите се убиваат поединечно и групно. Во страв и неизвесност масовно се иселуваат во Србија. Така се затвора ѓаволскиот круг. Денес, новите генерации и Албанци и Срби во Косово заедничко тежнеата само да го напуштат Косово и да заминат во светот. Не признавајќи дека политиката на Република Србија кон Косово е поразена, властите во Србија се однесуваат како ништо да не се случило. Така, проблемот на Косово станува се’ потешко решлив. Овие последици беа предвидливи во извештаите на Раде Радовановиќ. Неговото известување е развлечено низ сето време на траење на војната и расфрлано низ поединечните прилози. Немаше време ни да се поврзат. Уште помалку да се преиспитаат. Сега доаѓа книгата на Радовановиќ која го овозможува тоа. Неговиот поглед на војната, но и сликата за српското општество за време на војната, се формирани. Тој ги потсетува луѓето на она што не сакале да го знаат за војната, а книгата ги повикува да размислат за тоа.

Книгата на Раде Радовановиќ не ја доживеа судбината на книгите на оние автори кои сведочеа за војната веднаш по нејзиното завршување. Не мораше да го промени идентитетот и да ја напушти државата. Темелните студии како што е книгата на етнологот Иван Чоловиќ „Смртта на Косово Поле“ (2016) - плод на неговата осумгодишна работа - не наидоа на заслужениот одзив, дури ни кај академската јавност во Србија. Меѓутоа, книгата на Раде Радовановиќ „Смеа под бесилките. Сè што сте сакале да не знаете за војната во Косово“ го привлече вниманието на пошироката јавност. Објавена е на српски, албански и хрватски јазик. Се подготвува второ издание на српски јазик. Промовирана е во Србија и во Босна и Херцеговина, а наскоро се очекува и издание на англиски јазик. Дали ова значи признавање на поразот на државната политика што доведе до војната, или напротив, на фактот дека проблемот со Косово е врзан во јазол што ја држи Србија во место? Безнадежната реалност принудува да се поставуваат прашања и да се бараат објаснувања. Тоа е почеток на секое саморефлексија. Во таа смисла, книгата на Раде Радовановиќ го проширува просторот на слободата и го поткопува авторитаризмот, кој го користи нерешениот проблем на Косово како средство за одржување на власт. И со известувањето за војната во Косово и со книгата за таа војна, Раде Радовановиќ направи се’ што можеше како одговорен поединец. Дуро подоцна во долгиот процес созрева сознанието дека промените што ги ветува еден човек од врвот на пирамидата на власта не можат да бидат ништо повеќе од имитација на промени. Терен за суштински промени на сите нивоа подготвува одговорен поединец. Токму него Раде Радовановиќ се обидува да го „разбуди“ со својата книга. Врз основа на одѕивот на неговата книга, може да се заклучи дека тој и успева во тоа.

Извор: Pescanik

ОкоБоли главаВицФото