Перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ на „Прво па женско“

17.06.2022 14:09
Перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ на „Прво па женско“

Утре, 18 јуни, со почеток од 19 часот (про)летниот дел од програмата на десеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ се затвора со перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ. Перформансот е во продукција на Виа Негатива - платформа за истражување, развој и продукција на современи перформативни уметности.

Опис на перформансот:
„Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот. Перформансот е концепт и идеја на Оља Грубиќ.

„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид на живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот? Идеологијата не е решение. Животот е надвор од тоа. Преку поетскиот јазик, „Гол живот“ ја визуелизира интимноста на животното присуство на човечкото тело и динамиката помеѓу неговото физичко, ментално и емоционално постоење.

По секоја изведба, изведувачките го запишуваат својот тек на мисли којшто им се појавил за време на сцената со рендање зеленчук.“

Билетите се по цена од 100 денари и може да се купат онлајн или на билетарица на Младински културен центар. 

По перформансот ќе следи диџеј сет на Џано Куч.

Виа Негатива е формирана од 2002 година, во Љубљана. Ова е второ гостување на театарот во Скопје, откако за прв пат овој негова продукција гостувала пред 20ина години во рамки на програмата на МОТ (Млад отворен театар). Основач на Виа Негатива е Бојан Јаблановец.

Перформансот што гостува во рамки на ППЖ, „Гол живот“ е конципиран од Оља Грубиќ, визуелна уметница и изведувачка чија практика е главно фокусирана на основните услови на постоење. Поставувајќи го на сцена сопственото тело, таа ги истражува можностите за слобода во патријархалното и капиталистички ориентирано општество. Оља се става себеси во ангажирана позиција и често користи елементи на хумор и сатира за да продре во структурата на секојдневниот живот. На следниот линк можете да го прочитате интервјуто за да дознаете повеќе за нејзината работа и ставови.


„ГОЛИ МОНОЛОЗИ“ - Идеја и концепт: Оља Грубиќ

Изведувачки: Оља Грубиќ, Анита Вак, Кристина Алексова, Нина Горопечник, Барбара Куковец и Ена Курталиќ.

Музика: Едуардо Раон; содржи и фрагменти од делата на Густав Малер: “Das Lied Von Der Were – Der Abschied“ и “C. P. E. Bach: Solfeggietto“
Визуелен дизајн: Оља Грубиќ
Уметнички насоки: Бојан Јаблановец
Продуцент: Шпела Трошт
Продукција: Виа Негатива

*Настанот не е наменет за малолетна публика

 

Овoгодинешното издание на „Прво па женско“ е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура на Република Севрна Македонија.

Партнери и соработници на ПРВО ПА ЖЕНСКО: Медуза, ПичПрич, Младински Културен Центар, Музеј на современа уметност, Коалиција Маргини (Skopje Pride Weekend), Контрапункт (КРИК - фестивал за критичка култура), Хелсиншки парламент на граѓаните на Бања Лука (HCA), Приватен Принт и ЦИНИК - Центар за истражување на анционализмот и културата.