Без престан

17.06.2022 15:18

Без престан
по земјата бијат
чекори, чекори, чекори,
во ритам без престан
танцуваат коледари,
џамалари, русалии,
и бубалки и створови
без престан тупотат,
воини, воини, воини
и коњи, стада и глутници,
без престан се лее ритам
на хорови, хорови, хорови,
низ колосеуми и стадиони,
на плоштади и полиња,
без престан бие ист ритам
на газење, газење, газење
по лицето земјино, распукано,
кон устата на прста пуста
што голта и голта без престан,
без престан, без престан...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото