1020 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:59
На 18 јуни (сабота) со почеток во 20:30 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи првата поетска епизода насловена како „Новите деца во градот“.
Настанот ќе го модерираат младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а покрај нив своја поезија ќе прочитаат Павлина Атанасова, Марија Велинова, Благица Трајкоска, Ива Петреска, Софија Тодороска, Андреј Ал-Асади и Сатја Александар Давитков.
„Поетска епизода“ е нов концепт на поетски средби на млади, во обид да се збогатиме културната содржина на градот и да се чита убава поезија. Секој настан ќе има флуиден карактер и поинаква тема. Идејата на настанот е младите поети активно да пишуваат, да развиваат интерес за поезијата и да се охрабрат погласно и посмело да читаат.