Македонија втора во Европа по процентот на вработени во „комар и обложување“

21.06.2022 13:17
Македонија втора во Европа по процентот на вработени во „комар и обложување“

Земјава во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, е на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени.

Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција и Обединетото Кралство, во 2019 земјава имала околу 797.600 вработени, а околу 10.300 од нив биле во дејноста „комар и обложување“.

Само во Малта, која е позната како земја што негува онлајн обложување, поголем процент од вработените се во оваа дејност. Односно од 254.700 вработени, околу 9.300 се во дејноста игри на среќа. Односно, процентуалната бројка е 3,73 отсто.

Процентот е најнозок во Турција, со само 0,04 отсто, каде од околу 28.078.900 вработени, околу 11.400 работат во дејноста „комар и обложување“.

Извор: Мета

ОкоБоли главаВицФото