Загубата за Макрон може да биде добивка за Франција

21.06.2022 13:40
Загубата за Макрон може да биде добивка за Франција

Извор: Дојче Веле

Уште откако Емануел Макрон се кандидираше на претседателските избори во 2017 кога и дојде на власт, како негов главен опонент важи крајната десницата под водство на Марин Ле Пен. Неговата партија разви изборна стратегија со која Националниот сојуз, порано познат како Национален фронт, ќе го држи на дистанца опонентот и на локални, регионални и национални избори. Тоа не ја спречи екстремната десница да се зацврсти на последните претседателски избори на кои Макрон успеа да победи со помала предност отколку пред пет години.

Но, сега не е екстремната десница причина за најголемата главоболка на Макрон – туку екстремната левица. Партијата на Макрон и неговите сојузници освоија најмногу пратенички мандати но сега имаат неколку десетици помалку места за апсолутно мнозинство во парламентот.

Партијата на Ле Пен пак го зголеми бројот на освоени пратенички места речиси десеткратно споредено со само осум пратеника во 2017. И сега тука е таканаречената Нова еколошка и социјално народна Алијанса, НУПЕС предводена од паритијата на крајно левичарскиот лидер Жан Лук Меланшон, ЛФИ која е втора најсилна фракција на изборите.

Левичарската алијанса во која се вклучени и Социјалистите, Комунистите и Зелените ги привлече гласачите со еколошки и социјални мерки дури ветувајќи и „загарантирана работа за сите“. Платформата е исто така и протекционистичка – ветувајќи дека ќе ги национализира енергетските гиганти и ќе ги резервира јавните тендери за француските компании, евроскептична, бидејќи препорачува прекршување на одредени правила на ЕУ и поддржува напуштање на НАТО алијансата.

Франција не е навикната да прави коалиции

Тоа што никој нема апсолутно мнозинство во Парламентот не би било драматично во други земји како на пример Германија каде партиите се навикнати да прават коалиции и да работат заедно. Но, во Франција тоа ќе биде поголем проблем.

Последен пат ваква ситуација имало меѓу 1988 и 1991 година кога на поранешниот претседател од социјалистите, Франсоа Митеран и неговата партија им недостасуваа 14 места за да имаат апсолутно мнозинство.

Неговата влада тогаш мораше да има поддршка од десничарските и левичарските партии за да се изгласаат законите. Наоѓањето компромиси се покажа како толку тешко што социјалистичката влада донесувањето на одредени мерки, 28 пати во три години го врза со гласање доверба.

Но, таа можност за гласање недоверба, содржана во член 49.3 од уставот, оттогаш е ограничена кога може да се употреби. Макрон и неговата влада ќе можат да го применуваат само еднаш годишно на парламентарна седница и за гласање за годишниот буџет.

Лидерот на левичарската изборна коалиција, Жан Лук Меланшон задоволен од изборните резултати

Макрон стравува од ‘парламентарна герила'

Реизбраниот претседател и неговите министри ќе мора да бараат поддршка низ широкиот политички спектар и да сметаат на силно противење од крајно-левата Алијанса против пазарно ориентирани мерки. НУПЕС ќе ги искористи сите средства што им се на располагање за да блокираат и пролонгираат дебати во парламентот. 17 пратеници на ЛФИ тоа веќе и го правеа во изминатите пет години. Со околу десет пати повеќе мандати на Алијансата во овој легислатурен период, владата на Макрон стравува од „парламентарна герила”.

Самиот Макрон во пресрет на вториот круг рече дека „нема да има ништо полошо од тоа француски хаос да се надоврзе на меѓународниот”. Неговите министри предупредуваа од “Франција со која ќе биде невозможно да се владее”.

Трнлив пат до ѕвездите?

Но, новата распределба на местата веројатно ќе го присили претседателот Макрон кого го бие глас дека исклучиво сам носи одлуки, да ги земе в предвид и гледиштата на гласачите од Левицата. Тоа може да е и шанса за него и неговата влада да ја научат умешноста на правење компромис и да задоволи одредени граѓани кои сега се чувствуваат запоставени од политичарите во главниот град.

Радикализираните француски гласачи - од екстремната десница и левица - би можеле да ги видат нивните гледишта рефлектирани во дебатите во Парламентот. Тоа би можело да придонесе за заздравување на земјата од некои екстремни ставови и да ги зближи луѓето. Силна, обединета Франција би била добар исход, како за самата земја, така и за светот.

ОкоБоли главаВицФото