Црвена капа, зелена капа, Стефан

22.06.2022 10:31

Во мојот блок стои:
црвена капа,
сина капа,
Стефан.

Знам црвено што е
и знам сино што е,
знам кој и чиј е Стефан,
за капата - не.

Твоја ли е
црвената капа,
сината капа,
Стефан?

Не, вели Стефан,
зелената е моја.

Твоја ли е
црвената капа,
сината капа,
небо?

Не, негова е
сивата капа,
облаците велат.

Твоја ли е
црвената капа,
сината капа,
куќо?

Не, моја е
белата капа,
куќата вели.

Насекаде ја барам,
никаде ја нема,
црвената,
сината капа.

Но стихови има,
и припев има
за мала песна со капа,
црвена песна,
сина песна
за Стефан
со зелена капа.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото