Грозомор и Грозоморка

24.06.2022 15:12

Грозомор и Грозоморка
се вљубени створ и створка.
Тој има бели заби големи
за грицкање семки солени,
а таа на него мирно стои
и милно чекори му брои:
„Еден, два, осум, петнаесет,
дваесет, осумдесет, деведесет,
триста, илјада, милион,
билион, трилион, катаљон“!
И така со години и години,
низ ливади и пустински дини,
низ планини, глечери и савани,
низ доцни лета и зими рани,
си патуваат тие вљубени и сами.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото