Се потроши веродостојноста

21.01.2011 13:58
Kapak-72-1.jpg

За Македонците одново да се обединат, прв услов е паѓањето на владата на Груевски. За македонските граѓани одново да можат ја постават демократијата како првенствена цел на сегашниот развој, одново, прв предуслов е паѓањето на груевизмот.

Тврдејќи го ова, не сакам да ја демонизирам сегашната влада. Таа има малку добри и многу лоши страни, впрочем како и сите досегашни влади. Проблемот на сегашната влада е - неверодостојноста. (Тоа е проблем и на целиот феномен што го нарекуваме груевизам; не станува збор само за начин на владеење туку и за опасна културна матрица.)

Да појаснам: ако клучна цел на Република Македонија е консолидирање на демократијата и, преку тоа, влез во ЕУ - не може Груевски да биде играчот кој ќе го изигра процесот. Тој процесот не може да го изигра оти го „изигрува“, го глуми, го симулира, еве веќе петта година. За водачот на преродбата власта постои сама за себе, како апсолутна вредност (што е типично за млади недоквакани личности кои немаат јасен и стабилен систем на вредности; со такви личности премиерот е опкружен, и тој сосема пореметен систем на вредности - заради тоа и зборувам за груевизмот и како лоша културна матрица - го направи лажливо и цинично целото општество). Груевски ја сака Европа исклучиво реторички. Целата негова реална културна и политичка енергија е поставена антиевропски. И тоа, се разбира, го чувствуваат граѓаните, идентификувајќи ја преку сегашната власт и сопствената амбивалентност кон Европа. За единствената цел на Груевски, што подолго останување на власт, се злоупотребува и онака доволно осетливиот проблем што го имаме со Грција. Токму врз нерешавањето на проблемот со Грција (дури, со негова демагошка злоупотреба во лични авторитарни цели) водачот на ДПМНЕ го покажува своето радикално анти-европејство (ако Европа ја сфатиме како толеранција, рационалност, почитување на Другиот, оставање на националните страсти, ефикасно решавање на проблемите...)

Значи, како некој што може да ја води нацијата во ЕУ, премиерот е сосема дискредитиран. Што, верувам, не е спорно, дури ни за поддржувачите на груевизмот, оти дел од нив мислат дека ЕУ не е добра цел за Македонија и дека е неприфатлива цената што треба да се плати за влез во ЕУ. Но, мое мислење е дека дури и како етнички водач Груевски е сосема дискредитиран! Од истите причини поради кои тој не може да ја води битката за демократија - неверодостојноста. Нацијата и вжештеното „идентитетско прашање“ (кое тој го направи вжештено со антиквизацијата и лудачкиот проект „Скопје 2014“) за Груевски се само технологија на владеењето. Националното прашање за премиерот е пропаганда: спот, слика, фасада, споменик. Разбирањето на нацијата кај Груевски нема длабочина и континуитет; целокупниот груевизам е насочен кон сега, кон создавање слики, кон површината, ефектите, оставањето впечаток... Нема никаква реална суштинска грижа за нацијата во политиките на Груевски. Затоа сметам дека премиерот не може да биде предводник дури ни на етничкото збивање на редовите („пред грчката и европската опасност“), се разбира, ако мнозинството граѓани решат дека „НЕ за Грција“ е поголем политички приоритет од „ДА за ЕУ“. Велам, дури и во тој случај (на пример, Македонија да реши да ги прекине преговорите и со Грција и со ЕУ) Груевски не би можел да биде водач зашто човекот е пропагандист, саморекламер, нарцис кој личните интереси ги поистоветува со националните.

Груевски го прокоцка (и тоа го прокоцка прво, веднаш по доаѓањето на власт) дури и она за што граѓаните гласаа 2006: дека ќе добијат прагматична влада насочена кон економија и реални цели (а не кон јалово политизирање на сè и сешто, не насочена кон тотална партизација на земјата и кон разгорување на националните сентименти).

На сите политички планови, значи, Груевски потфрли. И денес бара почитување, толеранција, смирени тонови, конструктивност... Тоа го бара најситничавиот и најзлобниот политичар од осамостојувањето навака! (Дури и дијаболичниот Љубчо Георгиевски, неодговорниот „татко“ на груевизмот, покажа поголема широчина, толеранција и демократски дух!) Тоа ни го кажува политичар кој потроши невидени општествени ресурси за радикално оцрнување не само на опозицијата туку и на секој што мисли поинаку! Политичар кој со неистомислениците (па дури и кога се новинари или граѓански сектор!) комуницира исклучиво од позиција на сила, ароганција, игноранција и цинизам. Таков политичар ни посака нова година со повеќе добра волја, оптимизам, љубов итн.

Поради тоа велам дека груевизмот полека ја изгуби целата веродостојност. Тој може да владее „со помош на трикови и магија“, со помош на нови феноменални маркетиншки маневри, со сеење страв, со корумпирање итн. - но политичката веродостојност, повторувам, груевизмот ја изгуби.

Последниот резервоар на каква-таква поддршка за политиките на преродбата пак е негативен: резервираноста на значаен дел од граѓаните кон Бранко Црвенковски. И тоа маркетиншките стручњаци на преродбата го знаат и работат на тоа, откако ги изгубија сите други политички сидра: преродбата можеби потфрли, но знаеме некој кој потфрли повеќе и од нас! Мене тоа ми личи на очајничка стратегија, но годинава пред нас ќе покаже дали воопшто и во која насока ќе тргне зашлајфуваниот македонски брод.

слики: Dan Witz

Вистината ќе искочи на

Вистината ќе искочи на виделина, дали порано или покасно се си има свој почеток и крај. Така беше со владеењето на комунњарите а сега и на лавовие. Само едно не ми јасно зашто манипулирате со јавноста, доста со таа диктатура и фашизам, сите сме сведоци на тоа што се случи со Тунис.

И што кажа сега во текстов

И што кажа сега во текстов што не го знаевме? Пљукање со препони на кратки патеки.

Ново е што Груевски ја ситни

Ново е што Груевски ја ситни петтата година како премиер, и деветтата година како министер. Во историјата на современа самостојна Македонија не постои политичар со подолг стаж на највисоките раководни функции, освен лицето Б.Ц.).

Лопе, од кога, бе,

Лопе, од кога, бе, македонскиот патриотизам, т.е. борбата против душманите и пљачкашите, е пљукање со препони на кратки патеки?! Како бе така, машко?! Или тебе препоните (т.е. мудата) ти користат за раздрапуење и чешање, а не ко резервоар за храброст, машкост, слобода, правда... Ах, вмровчиња, вмровчиња... Врзани со курињата за големиот ланец на пастирот, како кучиња... Ако не слушате, од центарот за комуникации ве потегаат за курињата?! Ах, какво чудно задоволство&опомена, зарем не?:)

Коља, смири хормони. Смешен

Коља, смири хормони. Смешен си.

Сте заборавиле, Окнаши, под

Сте заборавиле, Окнаши, под сликата на гомната украсени со чадорчиња да напишете: „преродба во сто чекори - остваруваме!“

Не се сите петоколонаши

Не се сите петоколонаши окнаши, ама сите окнаши се петоколонаши.

Посакувам што побрзо да се

Посакувам што побрзо да се смени власта во Македонија и ништо да не се изгради од проектот Скопје 2014, а и тоа што е изградено да се сруши. Се надевам дека тогаш ќе се пензионираш и сам ќе си уживаш во твоите филозифии и размислувања. Така ќе нема за што да пишуваш, а и ќе не спасиш од твоите ставови зошто сеуште има луѓе кои ја сакаат окно.мк.

ВМРО тврди дека ја води

ВМРО тврди дека ја води одсудната битка со транзиционите политичари. Од тука можеме да извлечеме интересен заклучок. Ако ВМРО ја прогласи транзицијата за завршена(останува пресметката со некои рецидиви во вид на транзициони политичари/профитери), тогаш сме стигнале во посакуваното општествено уредување. Значи не само што оваа состојба е прогласена за крајна, туку таа е и совршена. Понатаму, евентуалните приклучувања кон НАТО, ЕУ се само периферни настани - без суштинско влијание. Позитивното мислење за исполнувањето на НАТО стандардите, во очите на власта е само доказ за горново тврдење. Луѓе мислете му ја! Одовде натаму нема што суштински да се менува. Грујовски, после Хегел и Маркс е третиот пиемонт на едно грандиозно учење, според кое еволуцијата на светот завршува односно втекува во системот/учењето на самиот творец на философијата.

Не се потроши, Коља никад

Не се потроши, Коља никад немал веродостојност.

Се потроши многу одамна, како

Се потроши многу одамна, како што веродостјоноста на Бранко се потроши уште со неговата прва појава на политичката сцена, уште 1992, жално е што предоцна е утврдена таа негова неверодостојност. Исто така и Грујо ќе биде ставен на столбот на срамот, за жал откако ќе ги осетиме сите последици од неговите глупости.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото