Пумска песна

26.06.2022 15:18

Во една шума
голема колку слон
живеела страшна пума
– лабораториски клон.
Си трчала и ловела
и низ реки пловела;
плашела возови
легната на пруга
и не знаела дека некаде
има иста како неа друга.

А сестра ѝ, од мајка родена
со пумска интуиција вродена,
една вечер сонила сон
за шума голема колку слон.
И в сонот, скриена зад бреза,
пума иста како неа лежи.
Спакувала куфер таа,
ставила клуч на брава
се качила во авион
да го следи својот сон.

Прелетала вода солена
и стигнала в шума голема,
го паркирала своето летало
и што ќе види – огледало!
– пума како неа иста
спие на аеродромската писта.
Ти си јас, јас сум ти
– ѝ рекла;
Те видов в моите сни.

Пумите се издушкале
па убаво се изгушкале.
И сега, в големата шума,
живеат две сестрички пуми.
Си трчкаат, си ловат
и низ реки пловат,
плашат возови на пруга
една покрај друга.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото