Излези надвор и паси!

04.07.2022 09:15

Еден бабун од Бабуна,
кренал планинска буна:
„Сакаме жолти планински банани,
да ги јадеме в кревет, в пижами!
Не можеме ние секој Дарвинов ден
да ловиме жолт овошен плен!“
Кога го слушнала ова планинската коза,
посакала продавница за еклери и боза,
а еден намуртен елен,
посакал тревник зелен,
што самиот себеси се коси
за да трчка со копита боси.
„Што ви е на сите?“
– ги прашал еднорогот Мите.
„Ние не сме луѓе, туку животни,
готвиме на гејзири, не на плотни!
Не ни требаат нам шведски маси…
Гладен си? – излези надвор и паси.
Цивилизациите правила носат
кои со нашата слобода се косат!“

„Во право е Мите“
– си помислиле сите
и продолжиле мирно
да уживаат в дните.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото