„Стракови трева“ - ретки илустрации на Маргарет Кук од 1913

04.07.22 14:39

Кога триесет и шестгодишниот Волт Витман го објавил самиздатот од својата книга „Стракови трева“ во летото 1855 година, посветувајќи го целото свое битие на ова необично и храбро дело, публиката го дочекала глува на неговата поезија и непријателски настроена - ова го фрлило младиот поет во очај. Но, во текот на следните децении, делумно благодарение на извонредните писма со поддршка и охрабрување од Емерсон, „Стракови трева“ се претвори во една од омилените книги во Америка - прото-вирално ремек дело кое засекогаш го промени лицето на американската книжевност, смело и свежо и преполно „неспоредливи нешта кои се неспоредливо изречени“.

Дваесет и една година по смртта на Витман, креаторот на изданието на библиотеката на Еверман, Џ.М. Дент го објави најубавото издание на класиката на Витман - голема, раскошна книга врзана во зелена ткаенина, со позлатен наслов. Но, круната на ова ретко, спектакуларно издание од 1913 година се дваесет и четирите таблички во боја насликани од англиската уметница Маргарет С. Кук.

Од нејзините цртежи зрачи бунтовничката упорност на Витман, како човек кој бил квир и кој љубел целиот свој живот, убеден дека романтичната и еротската љубов ги надминуваат строгите параметри на хетеронормативното - дека и срцето е исто така „заедно со мноштвото“ (стих од Витмановата поема „Песна за мене“).




































Извор: The Marginalian

ОкоБоли главаВицФото