Троцки без боцки

08.07.2022 18:20

Заспано под стариот костен,
среде поле со зрел бостан,
боцкавото прасе не сети
кога го ограби еден јети.

Боцките му ги зема,
сега одбрана тоа нема.
Стои голо в поле
и кива од полен.

„Каде ли е сега човекот снежен?“
– прашува прасето што личи на еже.
А полето молчи, ништо не кажува,
само ветрето лирски задува.

„Сигурно му здосадиле коцките
и затоа ми ги земал боцките.
Ќе ми ги врати штом си поигра,
со боцки никој не може да се доигра.“

Си рече прасето без боцки
што се вика Лав Троцки,
со рамената си слегна
и пак под костенот си легна.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото