Зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

09.07.2022 16:00
Зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

Професор д-р Улф Брунбауер е историчар и директор на Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Лајбниц, Германија

 

Извор: Дојче Веле

Има одредена иронија во тоа што токму Франција претстави проблематичен компромисен предлог. Затоа што со години токму француската влада го кочи прифаќањето на државите од Западен Балкан во ЕУ, ветување кое и онака сѐ повеќе звучи шупливо. Ова и создаде слободен простор на Бугарија да го запре процесот на пристапување на Северна Македонија со националистички барања и да не мора да плаќа политичка цена на европско ниво за тоа. Блокадата произлегува од фантомската болка што ги мачи бугарските националисти при помислата на Северна Македонија, бидејќи Северна Македонија одбива да го усвои бугарското читање на нејзината историја и идентитет.

Франција сега предложи, Северна Македонија да ги вклучи Бугарите како конститутивен народ во својата преамбула на Уставот, а напредокот во спроведувањето на Договорот за пријателство од 2017 година да стане дел од Преговарачката рамка. Предлози кои тешко се спроведуваат.

Протести против францускиот предлог во Скопје

Опасен преседан

Првото пропаѓа поради немањето мнозинство во парламентот на Северна Македонија, особено затоа што Франција не бара реципрочен акт од Бугарија, каде македонското малцинство чека официјално признавање со децении. Вториот би поставил опасен преседан: имено поврзување на билатерален спор, за теми кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, со пристапните преговори. Ова би ја отворило вратата за уцена од постојните членки на ЕУ против земјите-кандидати, особено кога националистичките настроени влади поставуваат бизарни историско-политички барања – нешто што тие со задоволство го прават.

На Западниот Балкан му се заканува да стане отпад на европската интеграција. Во конкретниов случај, Бугарија е таа што го торпедира почетокот на преговорите на соседот, а со тоа и на Албанија, бидејќи ЕУ одлучи да преговара или со двете или со ниту една од двете земји. Тешко е да се разбере користа што Бугарија ја гледа во дестабилизацијата на нејзиниот соседски регион. Во секој случај, Кремљ ќе биде среќен ако националните емоции ги донесат на власт антиевропските десничарски популисти.

Професор д-р Улф Брунбауер е историчар и директор на Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Лајбниц, Германија

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото