Ваби саби цртежи

12.07.22 14:42

Раиса Фонтана е илустраторка која живее во Бразил и изработува магични илустрации во кои има возбудлива, детска едноставност. Таа често користи ограничена палета, главно основни бои, со црна позадина која го олеснува препознавањето на формите. 

Фонтана вели дека во своите дела се обидува да го долови ваби-саби, термин кој во традиционалната јапонска естетика се однесува на светоглед кој суштински ги почитува минливоста и несовршеноста: „Се обидував да го преведам овој концепт во моите цртежи (се надевам дека овде не го изопачувам ваби-саби), зашто токму ваби саби го објаснува она што се обидувам да го кажам“.

Нејзините шарени илустрации се мешавина од старите илустрации од детските книги и кориците на ретро списанијата, збогатени со влијанието на јапонската уметничка форма на Кимчи Окатамото. Раиса Фонтана признава дека овие влијанија се очигледни во нејзините дела. 

Извор: itisnicethat

Слични содржини

Уметност / Око
Уметност / Око / Историја
Стрип / Култура / Уметност / Око
Уметност / Око
Уметност / Око
Квир / Книжевност / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото