Сјај во моите рани

13.07.2022 09:57

прво и најважно
сонувајте ги и понатаму нашите исчезнати пријатели
жигосајте ги нивните одрази во празните столови
не сме толку врзани со времето колку што се плаши саатчијата
утрово сè што сакам е да одам кајшто покажуваат камените ангели
птичјата песна ме мава до солзи
хетеросексуалците треба да ни го видат страдањето
насилната смрт на нашите пријатели и љубовници
да го знаеш сјајот на настраниот не е да ги заслепиш но
да ги разнишаш темелите на оваа убиствена култура
пркосен пиреј што го крши цементот
мислиш дека Оскар Вајлд бил смешен
Душо моја мислам дека бил зафатен
со одвлекување внимание на стрејт луѓе
за да не го убијат
да знаеш колку пати ми
било кажано ти не си како
другар ми педер што ми кажува
вицеви и ме смее
не сум ебате сигурно не сум
немам кога во животов да
одам на аудиција за твојата педерска маскота
луѓе не може да ме убиете и
да си мислите дека може пак да ме убиете
запознав едно дрво во Амстердам и
стоев со боси нозе покрај него дваесет
минути потоа си отидов сосема обновено
уште една песна која не е напишана од поет
понекогаш треба еден мускул да
се опушти за другите да почнат
другарка ми Менди се јавува после
долга смена во стриптиз клубот да ми каже
додека чекам во ред за смрт си ја
ладам жешката пичка со твојата нова книга
ќе ми ја потпишеш ли следната недела моја бестрашна педерушо сестро

Препев од англиски: Грација Атанасовска

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото