Треба да се издржи за целиот простаклук на опозицијата да излезе на површина

14.07.2022 18:33

Во британскиот парламент постои список на зборови кои пратеникот не смее да ги употреби под закана од казна.

Кај нас таков список и такви забрани не постојат и затоа некој си пратеник Ковачки се умислил дека може своите колеги пратеници да го нарекува изроди, отпадок, национални предавници, пиони, и да им се заканува со затвори и одмазда кога тој и неговата партија ќе дошле на власт.

Тоа се простаци и силеџии кои станале пратеници и кои со клевети, навреди, пцости и закани провоцираат некој со сличен тон и „храброст“ да им одговори.

Има едно правило кое секогаш треба да се има на ум. „Не се карај со будала бидејќи ќе те симне на негово ниво и таму ќе те тепа со искуство.“

Треба да се издржи за целиот простаклук на опозицијата да излезе на површина. Нека го гледа тоа народот и сам нека суди.

Ѓорѓи Спасов, Фејсбук, 14.07.22.