Кинески научници создадоа риби кои ја голтаат микропластиката

14.07.2022 20:37
Кинески научници создадоа риби кои ја голтаат микропластиката

Роботски риби кои можат да јадат микропластика би можеле еден ден да помогнат во чистењето на загадените океани во светот, тврди тим од кинески научници од Универзитетот Сечуан на југозападот на Кина. Тие создаоа риби-роботи долги 1,3 см кои веќе успешно ја отстрануваат пластиката од плитките води.

Целта на кинеските научници е да овозможат собирање на микропластиката во подлабоките води и да соберат информации за анализа на загадувањето на морињата во реално време, вели Ванг Јујан, член на тимот кој ги создаде рибите.

Црните роботски риби се меки на допир, а научниците можат да ги контролираат со помош на светлата за да избегнат да се судрат со други риби или бродови. Ако случајно ги изеде друга риба, може да ја исфрлат надвор од нив без да се повредат затоа што се напраени од полиуретан, кој е биокомпатибилен, вели Ванг.

Рибите се способни да апсорибраат штетни материи дури и кога се оштетени. Може да пливаат со брзина од 2,76 пати од својата должина во секунда, што побрзо од најголем дел од роботите.

Извор: Иновативност

ОкоБоли главаВицФото