Како Мунк ги предвидел нашите осамени животи

15.07.2022 17:20
Како Мунк ги предвидел нашите осамени животи

 

 Од тага поради загубата до очај, поради немоќта и бедната работа, скандинавскиот мајстор величествено нурнал во болката, сликајќи со екстатичната тага на своите бои.

2022 е прогласена за стогодишнина на модернизмот, откако „Пуста земја“ и „Улис“ биле објавени во 1922 година. Но Едвард Мунк ги претркал Т. С. Елиот и Џејмс Џојс. Во 1892 Мунк го насликал првото модернистичко ремек-дело кое го прикажува градот, антиципирајќи ги нивните радикални визии на урбаниот живот цели три децении порано. Тоа ремек-дело е „Вечер на улицата Карл Јохан“.

Овие луѓе навистина би морале да работат од дома. Тие чекорат кон нас пред крајот на денот, со лица измачени од бедата што ја носи работата во канцеларија или во фабрика. Тие се морничави, сиви, карикатурални прикази на осаменоста и тагата, обсјаени со жолта светлина која допира од прозорците. Жената гледа пред себе со очите во форма на бели кругови, зениците ѝ се собрани во точки; мажот со цилиндар, како за погреб, има суво лице што наликува на череп, како современиот живот да го свел на мртовец што чекори. Всушност, тие се зомбијата што секојдневно ги среќаваме, темпото им е роботско, ни приоѓаат како некакви мумифицирани маси. Тоа е она отуѓување кое Елиот ќе го изрази со зборови 30 години подоцна.

„Вечер на улицата Карл Јохан“ претставува пророчка слика на градот во 20 век со осамената толпа која безнадежно се влечка од една до друга мака.

Ако да се биде прв во нешто значи да се биде и најдобар, Мунк ја заслужува титулата на прв вистински модернист, што би значело дека е ова 130-годишнина од движењето, а не 100-годишнина. Но, тао е само еден од начините на вреднување на уметноста. Она што го истакнува Мунк како уметник е автентичноста на болката.

Сликата „Крај смртната постела“ прикажува луѓе кои стоијат над неподвижно тело на дете. Нивната агонија е толку длабока што изгледаат како едвај да се држат. Жената која ни е најблиску има маска на бледило, како завој, преку лицето, оставени ѝ се само мали црвени дамки околу очите. Цртите ѝ се уништени од загубата која ја поднела. Другата жена веќе отишла подалеку, лицето ѝ е само бледа карикатура со очи во облик на точки. Се’ што можеме да видиме од покојникот е мала нежна контура под чаршафот и правата кафена коса од под него. Но смртта ја гледаме во црно облечените фигури на ожалостените. Со неа е пронижана секоја нишка од нивното битие. Нивниот живот е украден.

И на Мунк му било украдено детството. Оваа слика е потсетување на разорната загуба на неговата омилена сестра Софи, која починала од туберколоза, истата болест од која веќе починала и неговата мајка. Тагата го заразила неговиот поглед на живот. Младичот на сликата на Мунк насловена „Меланхолија“ јасно потсетува на трагичниот скандинавски херој додека размислува покрај плжата, со главата потпрена на раката во средновековен симбол на меланхолија. Мунковото окер и виолетово небо, над мртвото виолетово море, совршено го изразува расположението на младичот.

Затоа е така посебно доживување да се видат сликите на Мунк одблизу, тоа овозможува да се открие екстатичната тага на неговите бои. Сета таа меланхолија се излива низ неговото раскошно чувство за боја. Меѓу темнозелените дрвја на неговото огромно платно од 1894 „Жена во три доби“ се наоѓа нешто што изгледа како голема крвава дамка: тој ја истурил црвената боја на платното за да ја создде оваа ужасна рана. Или барем претпоставуам дека тоа се случило. Можеби би вредело да се испита дали се работи за крв.

Како неизречивото чувство на тага да не е доволно, Мунковата уметност, ослободена од чувство на срам, сведочи за огромните сексуални фрустрации. Од десната страна на оваа слика стои замислен младич покрај три женски фигури: едната е сонувач покрај плажата, другата чекори како дух низ шума, а во самата средина стои висока гола жена во предизвикувачка сексуална поза. Би помислиле дека Мунковото машко алтер его би било задоволно, но младичот изгледа бедно. Во „Маж и жена“, пак, голиот маж стои со опуштена глава, очајувајќи, додека седи бепомошно свртен кон својата гола девојка. Оваа сцена во спалната соба не е ништо друго, туку отсуство на машкоста. Мунк јасно се идентификува со машкото его што покажало немоќ пред голото женско тело. Колку од уметниците биле вака искрени?

Оваа изложба покажува дека Мун исчекорил од слаткастите постимпресионистички сцени од осумдесеттите години на 19 век – вклучително и портретот на неговата сестра Ингер покрај морето во маглата – кон интензивни, апстрактни слики на нескриени емоции. Автопортретот на клиниката, насликан во 1909 година, покажува зошто не можел така да продолжи. Најекспресивниот период на Мунк е купен со трауматични љубовни авантури и алкохолизам. Во 1908 искусил нервен сломи и заминал на „клиника за нерви“. Оваа слика го прикажува неговото опоравување: на прв поглед може да изгледа како нешто поформлно дело, со Мунк кој зазема достоен, сериозен став, но тогаш сфаќате дека всушност тој себе се слика обидувјќи се да ја заземе оваа позиција со анксиозност дали ќе може да ја задржи. Освен тоа, неговата јакна има дречави шари со виолетови дамки. Мунк не може да го заборави она што го видел кога погледнал кон крвавата шума.

Извор: Gardian