17-годишникот и геј барот

18.07.2022 10:46

овој џиносан рај, благословено тло каде што се вели геј, а се мисли ние
благословена нека е лажната лична карта и обезбедувачот кој ја позна
оваа потреба да се биде потребен, да се припаѓа, да се дознае
каков вкус има маж полн вотка и испразнет од грев. и на кој бог да се молам не знам.
го гледам исус, гледам накај сечија уста на подиумот,
порачувам виски-кола, и ја именувам во крвта на мојот нов спасител. тој е правичен.
ме моли да танцувам, да ги зашеметам мажите со
овие колкчиња што ги донесов, тој смета дека мојата уста во устата на некој странец е неопходна.
благословена нека е устата на тој странец, песната на која несмасно се нишаме, ритамот, мостот,
минувањето
на неговата рака по моето бедро и грб и од која држава доаѓам не знам.
сакам да живеам на неговиот јазик, да изградам дом од госпел и педерлук
сакам да издигнам град зад неговите заби за да се засолнат сите момчиња од хорови и плакари.
сакам мојот нов бог да ја погледне Мека што му ја изградив и да ја нарече проклето добра
или можеби сум само пивнат и слободен за прв пат, готов да се восхитувам на сè што можам да вкусам.

Препев од англиски: Моника Стојановска

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото