Луѓе од мраз

18.07.22 15:03

 

Минливоста е во фокусот на повеќето дела на Неле Азеведо. Овој бразилски уметник стана светски познат со неговата инсталација „Минимум споменик“, збирка од мали ледени фигури што се топат.

Оваа инсталација, која Азеведо ја опишува како „урбана уметничка акција“, беше прв пат поставена во Сао Паоло, пред да отпатува до Париз, Белфаст, Лима и Порто. Во секое повторување на делото, уметникот длаби стотици фигури високи по 20 центиметри, во форма на луѓе во седечка положба, со вкрстени зглобови, и ги поставува врз скалила или на други јавни простори. Скулптуричките без лица почнуваат да капат и да создаваат мали вирчиња. Ова првично претставувало начин Азеведо да ги критикува јавните споменици и да ја разгледа „историјата на поразените и анонимните, да ја расветли нашата смртничка положба. Непостојаноста на скулптурите од мраз директно контрастира со истрајната природа на бронзата, каменот и другите материјали што типично се користат за изработка на статуи и комеморативни дела.



Со сè посилната климатска криза делово стекна ново значење, како буквална рефлексија на глобалното затоплување и на начинот на кој животот наскоро ќе исчезне од планетата. Во изјава за овој децениски долг проект, уметникот вели:

„Итноста на околностите бара промена на развојната парадигма од страна на владите на сите држави, кои треба да смислат нов модел на развој различен од сегашниот консумеризам. Овие глобални закани конечно го сместуваат западниот човек на неговото место, истакнувајќи дека неговата судбина е заедничка со судбината на планетата, дека тој не е крал на природата туку нејзин конститутивен елемент. Ние сме природата.“

Како наследник на „Минимум споменик“ инсталацијата „Суспендирана состојба“ (претставена на сликите подолу) на Азеведо на сличен начин собира повеќе од 1000 фигури од мраз и ги закачува над тенџериња, садови и други кујнски предмети, опремени со микрофони. „Звукот е многу важен бидејќи го засилува исчезнувањето што настанува. Скулптурите што се топат создаваат врска меѓу субјективното сепство и колективната свест“, вели авторот.



























Извор: thisiscollosal.com

ОкоБоли главаВицФото