„Малемале“ - прв книжевен фестивал во Малешевијата

18.07.2022 17:49
„Малемале“ - прв книжевен фестивал во Малешевијата

На 30 и 31 јули во Берово и Пехчево ќе се одржи првиот книжевен фестивал во Малешевијата „МалеМале“. 

На фестивалот ќе гостуваат писатели, уметници и музичари, а програмата ќе содржи изложба, поетски читања, книжевни промоции, слем-поетување и музички настапи. Покрај настапите на уметниците ќе има можност и за интерактивно вклучување на присутната публика. „МалеМале“ има за цел да го развигори културно-уметничкиот дух во Малешевијата и да послужи како поттик за слични иницијативи од ист или сличен карактер.

ПРОГРАМА

30.07
Музички перформанс на ВИС Тркалезна маса

Изложба на цртежи од Владимир Лукаш

Поетско читање
Учесници: Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, Тихомир Јанчовски, Тања Аждаја, Перица Сарџоски, Владимир Лукаш, Ана Голејшка Џикова

31.07
Поетско читање во природа

Промоција на книгата „Зборка“ од Тања Аждаја

Патување со Кени + Open mic
Горазд Кени  Китановски

ОкоБоли главаВицФото