Ноќта во цут

20.07.22 17:59


Во серијата слики „Ноќта во цут“, илустраторот за деца Оливер Џеферс претставува раскошни астрономски слики и беспрекорно порамнети соѕвездија. Во едно дело, напуштен пикник е обвиткан во длабоки сини и виолетови бои пред да еруптира во светла маглина, лулајќи ѕвезди среде мекиот сјај на градските панорами. Друго дело, кое уметникот ќе го реплицира на фасадата во музејот „Изабела Стјуарт Гарднер“ во Бостон, прикажува човек под шарена површина од галаксии и небесни тела.

Секое од овие ѕвездени дела ги слави можностите на непознатото. Џеферс објаснува:

„Световите надвор од нашиов, кои себеси се откриваат дури кога светлината на нашиот ден доволно ќе се повлече за да ги видиме драматичните и брилијантно шарени неба по самракот, сугерираат пространство над нашите глави што никако не можеме да го разбереме. Тоа се истите оние глави на кои им здосадува да бараат што да пуштат на радио, кои се прашуваат кога ќе ни пристигне нарачаното преку интернет или што ќе правиме за да ни мине времето викендов. Можеби има повеќе во ова бидување жив отколку што си даваме време (и перспектива) да согледаме.“































Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото