1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 05:59
Истражувачки тим последните две години собира примероци од водата од Атлантскиот Океан и дојде до заклучок дека тој океан е прилично мртов. Научниците од Глобалниот океански тим за истражување на животната средина предупредуваат дека остануваат само неколку години пред последиците да станат катастрофално видливи. Кога рибите, китовите и делфините ќе исчезнат, тоа ќе има сериозни последици по планетата.
Во извештајот, кој уште не е рецензиран и затоа мора да се сфати како прелиминарни податоци, истражувачите наведуваат: „Еколошката катастрофа се случува. Веруваме дека човештвото може да се прилагоди на глобалното затоплување и на екстремните временски услови, но нашето мислење е дека чивештвото нема да го преживее изумирањето на најголем дел од морските билки и животни“.
„Со оглед на тоа дека планктонскиот систем е клучен за одржување на животот на планетата и човештвото не може да преживее без него, резултатот е навистина вознемирувачки. Ќе го снема за околу 25 години. Нашите резултати го потврдија намалувањето на примарната продуктивност во Атлантскиот Океан од 90%. Всушност, Атлантскиот океан сега е прилично мртов“ вели морскиот биолог Хауард Драјден.
Претходно се веруваше дека плантконите се намалиле за половина од 1940-тите години досега, но доказите кои ги собра тимот велат дека досега исчезнале дури 90% од планктоните.
На планктоните, кои влијаат на се' – од производството на кислород, апсорпцијата на јаглерод, формриањето на облаците, а со тоа и на климата на планетата, им се потребни здрави океани за да напредуваат. Меѓутоа, загадувањето, нелегалниот риболов и сл. предизвикаа толкав хаос во морскиот екосистем што овие микроскопски темели на животот сега исчезнуваат.
Извор: Bizlife