Теоретската временска прогноза за 2050 година станува реалност 28 години порано

25.07.2022 01:11
Теоретската временска прогноза за 2050 година станува реалност 28 години порано

Британски прогнозери пред две години направија интересен експеримент размислувајќи како ќе изгледа временската прогноза за 2050 година. Климатската криза предизвикува екстремни временски услови, а температурите во северните географски предели посебно се осетливи на тие промени. Така, метеоролозите од UK Met Office, официјалната агенција за временска прогноза во Велика Британија, во 2020 година почнаа да анализираат долгорочни климатски модели за да видат какви температури ќе се прогнозираат три децении отсега.

Тоа не е вистинска временска прогноза, туку примери за прифатливо време врз основа на климатски проекции, велат од Met Office. Но, сепак, денес и вчера тие прифатливи временски проекции уверливо стануваат реалност, и тоа 38 години порано.

Сајмон Ли, атмосферски научник од Универзитетот Колумбија, забележал огромна сличност меѓу веројатноста на климатските проекции за 2050 година и прогнозите за почетокот на оваа недела во Велика Британија. Прогнозата за денес е речиси идентична за големи делови од земјата како таа за 2050 година, вели Сајмон и додава дека она што ќе се случува денес дава увид во иднината. За 30 години отсега таквата прогноза ќе биде вообичаена.

За оваа недела се предвидува температурите во земјата да бидат 10 до 15 степени повисоки од вообичаените, што е предвидување кое тамошните метеоролози ги натера по прв пат во историјата да издадат црвено ниво на предупредување.

Највисоката температура кога било измерена во Велика Британија е 38,7 степени Целзиусови во Кембриџ во 2019 година, а сега се прогнозираат над 40 степени Целзиусови.

Извор: CNN

Слични содржини

Свет / Наука
Активизам / Свет / Екологија / Теорија

ОкоБоли главаВицФото