1016 hPa
65 %
3 °C
Скопје - Сре, 18.02.2026 20:01
Слеп патува низ подземни патишта
Длаби низ мрачни дна
За да го крене поникот кон сонцето
Потпирајќи го како жив темел
Од својата надворешност
Постојано се враќа во својата внатрешност
Воден од духот
Сиот се раздава
На сè што се стреми кон височини
Отворајќи му пат кон светлини
На ниеден цвет не му го видел лицето
А се жртвува сета мрачна земја
да прогледа низ него
Кога се чини се истрошил
Сам од себе се обновува
И одново собира сили да ја крене земјата
Во недогледни височини
Да ги раздвижи вековите
Вечната вселена
И нас минливите