Поттик

29.07.2022 10:07

Црнее опожарениот предел
Клукајќи ја земјата како лута рана

Сè го избегнува:
Облак не наминува
Дожд не капнува
Ветрот скршнува
Птица не слетува
Сè го заобиколува
И се трга како од лепросано

Само една пеперутка
Упорно кружи над него
Обидувајќи се да го оживее

А може ли?

Слета врз црнилото блескајќи со своите шарби
Како да слетаа сите небесни градини со неа
Како да се истури сиот ѕвезден прав
И сиот сончев полен

Привлечен од блескавите бои
Се крена еден цвет да ја пречека
По него друг трет
Живна секое коренче
И си го најде загубениот пат низ пепелта

Ете колку малу требало
Едно малечко крилесто суштество
Да ја поттикне огромната земја
Да си ја поврати својата убост

И сето тоа чинејќи го за неа
Зашто нему и онака животот му е кусовечен

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото