Сто години од раѓањето на Александар Сариевски

29.07.2022 16:32
Сто години од раѓањето на Александар Сариевски

На 20 јуни беа одбележани 100 години од раѓањето на Александар Сариевски, роден во 1922 година во селото Галичник. Сариевски беше пејач, композитор и текстописец на македонска народна музика. Во 1946 г. во Македонското радио ја сними првата песната „А бре невесто око калешо“, со која почна неговата богата музичка кариера која траеше речиси шест децении.

Беше еден од основачите на ансамблот „Танец“ со кој соработуваше и настапуваше во текот на целата своја кариера како нивен гостин. Сариевски беше вреден собирач и прв интерпретатор на македонски народни песни, кои во негова изведба станаа познати ширум светот. Беше и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“.

Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други.

Во својата богата и плодна кариера направи околу 400 песни, а со колешката Васка Илиева сними дуети.

Сариевски почина на 19 декември 2002 година во Скопје.

ОкоБоли главаВицФото