1011 hPa
63 %

15 °C
Скопје - Пон, 12.05.2025 21:59
Сме ти биле Биле-пиле
В Мажучиште на буниште
Згрвалени скукалени ‒
Нè изнашле дури в Зашле
Како пилци од Прибилци
В Крушевското среде злото ‒
Едни врани гламјосани
Што без гајле до сабајле
Леле-мале нè џвакале ‒
Ние криви што сме живи
Тие раат си клукаат
Потамина до двамина.