1026 hPa
87 %
5 °C
Скопје - Пон, 11.11.2024 22:59
Аирлија да не е!
Аламани да го јадат.
Аралампија да го накаже.
Андреја да го пресече.
Арница да го кердоса.
Антерија на грбо да нема.
Ангарија да работе до века.
Аспра да не заврже у себе си.
Акнал та пукнал!
Бутур да те фркне!
Бутмиш да стане!
Борови шишарки да јаде.
Бигор да јаде.
Бапки да му излезат на очите.
Бел ден да не види.
Босилок да му занесат.
Бивол да го дигне на рогови.
Вруќа погача да му изгори.
Варен петел очите да му иск’ца.
Вијалица да го сврте.
Владика да не виде у куќата си.
Ветеро газо да му надуа.
Вода да гази да се удаве.
Вошките да го јадат.
Главата да му се изврте.
Гуски и орли да пасит со тапан.
Господ да ми ти дајт краста и орлои нокти.
Гуштери (или жаби) да бљуа.
Да бреа како бивол на угорнина.
Да го покријат со платно.
Да не види ни сонце ни месечина.
Да го расчепат татарски коњи.
Да даде господ да газе како мечка.
Да копа сос заби.
Да му се серат кучињата на гробо.
Да не се роде.
Да се скапе како расол у марта.
Дервиши на глава да му укат.
Душата низ грло да му излезе.
Дома да не си умре.
Душмани да нема, а пријатели ич.
Ега му змиите испијат очите.
Жаба да го помоча.
Жабуљак да јаде, та да се најаде.
Зло да не види, а добро никогаш.
За шија, та од земја!
Капнал, та љуснал.
Туѓината да му биде мила.
Фејка да стане, ветро да ја однесе.
Чуј-петел* да фане.
(*Чуј-петел, во смисла: неизвесно каде)
Слики: Dirk Zimmer
Извор за клетвите: Марко Китевски - Македонски народни клетви