1011 hPa
52 %
19 °C
Скопје - Пон, 20.04.2026 19:00

Дали знаете кое е растението на сликата? Постои голема шанса денес веќе да сте го консумирале, можеби и неколку пати.
Тоа е кафе.
Според податоците од „Книгата за кафето: Анатомија на индустријата од сеење до последната капка“, кафето прво го користеле припадниците на племето Гала на територијата на денешна Етиопија некаде помеѓу 6 и 9 век. Меѓутоа, тие не го пиеле кафето, туку - го јаделе. Го ситнеле и растворале во животинска маст за да ја користат во ситуации кога им требало повеќе енергија - на долги патувања и во војна. Само неколку векови подоцна кафето станало пијалок.
Денес на Земјата се пијат 1 500 000 000 шолји кафе дневно.