
У секого две‒три лузни
у секого две‒три срдби
Изгубивме две‒три војни
Изврвевме две‒три царства
Изгоревме две‒три гори
Испековме две‒три стада
Изедовме две‒три ниви
и до искап две‒три реки
Испославме две‒три лаки
прележавме две‒три болки
У секого грижна мисла
и тежина за сè доста
Кутри души до кон каде
Кутри души до кон кога
Леле Леле колку вака
по пат беспат низ век навек