Костими од пагански ритуали во Галиција

05.08.2022 15:01
Костими од пагански ритуали во Галиција

 

Ширум Европа уште се одржуваат старите земјоделски ритуали, поврзани со пагански верувања, со кои се дочекуваат годишните периоди со најкраток и најдолг ден. Во тие пригоди луѓето облекуваат сложени костими што обележуваат различни аспекти на земјоделските циклуси. Тешките костими од крзно и кожа најчесто упатуваат на бавните движења за време на зимската хибернација, додека сламените фустани ја привикуваат плодноста во наредната година. Живописните дезени и високите украси на главата (во Шпанија познати како boteiros) се дел од историската облека на луѓето од регионот Viana do Bollo во Шпанија.


Boteiros, Viana do Bollo, Шпанија 

Доловувањето на она што останало од овие сезонски прослави е поттикот на фотографот од Галиција, Роберто де ла Торе, чија тековна документарна серија „Микрокосмос“ ги прикажува учесниците во годишните ритуали. „Нема многу информации за ваквите настани, па често патувам низ регионите и ги прашувам луѓето од градовите“, вели тој. „Тоа е и истражувачка работа. Одењето на локациите за да се фотографираат маските и костимите значи и одење на одреден датум. Повеќето од овие ритуали се прават само еден ден во годината.“

Секој костим изразува посебен лик кој има свое име, талисмани, шамански зборови и специфична цел во рамките на прославата. Облеката служи за да се доловат годишните времиња и земјоделските циклуси. Де ла Торе своите ликови ги вклопува во нивната околина, за да ја истакне поврзаноста меѓу пределот, климата, природата и луѓето.
„Во циклусот Микрокосмос се појавуваат митски суштества затечени на магични места“, вели тој, осврнувајќи се на неговите фотографии како „визуелна игра меѓу опипливото и нематеријалното, сместени во природа“.

Де ла Торе на тој начин, се разбира, придонесува за зачувување на ова важно културно наследство, но претставува и необични случувања кои се важни и за нашата современа култура и за нашето себеразбирање.


Oso, Samede, Galicia

Oso, Salcedo, Galicia

Home de bugallos, A Mezquita, Galicia

Tafarrón, Pozuelo de Tábara, Zamora

Vixigueiro, Samede, Galicia

Chamador, Lalín, Galicia

Извор: This is colossal

Слични содржини

Живот / Култура / Уметност
Општество / Фотографија / Култура / Уметност
Книжевност / Култура / Уметност
Општество / Живот / Култура
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото