Насрадин-Оџа во Венеција

05.08.2022 16:36
 Насрадин-Оџа во Венеција

 


A сега нешто и за фолклорот. Едновремено тоа ќе биде уште еден пример за римувањето во животот.

Делегацијата на југословенските академии, во посета на Италија, престојуваше два-три дена и во Венеција. Hè сместија во убав хотел сосем близу до плоштадот и црквата Свети Марко. Рано во недела, покојниот Велибор Глигориќ, јас и Бранислав Гурѓев излеговме малку да прошетаме. Беше ведро, сончево утро. На плоштадот само по некој забрзан минувач. Наполно го беа презеле шарените јата гулаби. Додека едни прусаа ситно по земи, други ce спуштаа, a трети ce креваа кон синевината со мек и хармоничен шум на крилјата. Како да ce вкрстуваа во воздухот, спрема сонцето, многу подвижни и непредвидливи виножита.

Ѓурѓев носеше нов мантил. Велибор му рече: „Чувај ce, Бранко, да не ти стават овие еполети на мантилот!“

„Сега ме потсети на приказната за Насрадин-оџа“ – рече Ѓурѓев како турколот што наоѓа за себе интересна тема. – Насрадин лежел на грб на една ледина. Гледа, на ледината пасе крава, a над него лета чавка. – „Ах Алах, Алах, не си бил праведен. Оваа ништожна чавка може да лета, a оваа крава од која човекот има толку полза да не може!“ Туку, штом го рекол тоа, сетил дека чавката му пуштила влажна белега на челото. – „Ах, Алах, Алах“ – свикал Насрадин. – „Сепак си ти најголемиот и најпаметниот. Ами што ќе станеше од мене да беше ова лепешка од крава.“

И токму тогаш, дури ја обиколуваше црквата, нешто пласна и на десното рамено на неговиот мантил остана широка влажна трага. Ѓурѓев ce изненади непријатно, почна да ce штутка и да вади шамиче.

„Не, господине!“ – му ce обрати еден човек што ни ce приближи. – „Тоа може само со кисела вода. Дојдете со мене!“

Влегоа во едно бифе преку пат. По малку време, кога излегоа заедно, беа насмеани и задоволни што работата добро ce свршила.

Испраќајќи го, љубезниот венецијанец му рече на Ѓурѓев: „Бидете среќни што не беше од крава!“

Велибор и jac ce насмеавме гласно: „Па како можеше да ce случи вака!“

Тогаш Бранко, сосем релаксиран, почна живо да ни објаснува: „Што ce смеете? Нема тука ништо чудно! Зар не ви ce познати врските на Венеција со Турција? Сетете ce само дека венецијанците имале своја колонија дури и во самиот Цариград, во Галата. Венецијанските трговци ги слушале приказните на Насрадин-оџа таму и ги пренесувале овде“.

Така ние, на крајот на нашата кратка прошетка, чувме и едно интересно и поучно предавање.



Слики: Jean-Léon Gérôme

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото