10 објаснувања зошто планетата Земја не е рамна плоча!

12.08.2022 14:36
10 објаснувања зошто планетата Земја не е рамна плоча!

 

Теориите на заговор не само што се ненаучни, туку и можат да бидат штетни за човекот како индивидуа и да го уназадат општеството како целина.

Подолу набројуваме 10 докази зошто планетата Земја не е рамна плоча.


Земjата не е рамна плоча!

#1 Уште старите народи (пред 2.000 години) знаеле дека Земјата е сферична. Кога ги гледале бродовите како заоѓаат на хоризонтот забележале дека прво се губи долниот дел, па потоа горниот дел. Тоа се случува заради закривеноста на Земјината површина.

#2 Кога има затемнување на Месечината на неа се гледа сферичната сенка на Земјата.

#3 Уште еден од едноставните аргументи е ако се качиш на повисоко – гледаш подалеку!

#4 Сите вселенски објекти се сферични, тоа може да се докаже со голо око (месечината) и со аматерски телескоп. Галилео со неговиот телескоп ги видел Венера, Јупитер и неговите сателити и прстените на Сатурн, и замислете – сите биле кружни!

#5 Aнтичкиот полимат Ератостен го пресметал дијаметарот на Земјата со помош на различни сенки на стап со иста должина во Александрија и Асуан во Египет.

#6 Видливите соѕвездија се менуваат додека Земјата ротира. Соѕвездијата кои се премногу на север или на југ не можат да се видат од спротивната хемисфера затоа што тие секогаш се под хоризонтот.

#7 Се разбира и науката има модерни аргументи, како временските зони или годишните времиња кои би биле невозможни доколку земјата е рамна.

#8 За да функционира GPS мора да се земе во предвид закривувањето на Земјата, а во ист момент вашиот GPS не може да комуницира со сите сателити, зашто дел од нив се од другата страна на Земјата

#9 Гравитацијата и плима и осека, ефекти кои не се возможни за рамна земјина плоча.

#10 Илјадниците фотографии од вселенски објeкти и видеа на планетата Земја од Меѓународната вселенска станица!

Земјата е дефинирана како сфера, или ако сакате попрецизно, според Исак Њутн од во 1687 година, Земјата е елипсоид!

Извор: Арно.мк