Нова српска (а ко да е наша) сатира (13) - Не сме глупи колку што мислите! Поглупи сме.

12.08.2022 16:24
Нова српска (а ко да е наша) сатира (13) - Не сме глупи колку што мислите! Поглупи сме.

Не сте пијан. Ова е навистина дупло дно.


Горан Радосављевиќ

Не сте пијан. Ова е навистина дупло дно.

Не сме глупи колку што мислите! Поглупи сме.

Можеме да се сликаме со државниот апарат.

 

Митар Ѓериќ Лаки

Не плашете се од иднината. Ваму нема да дојде.

Дојде демократијата, ама тоа нека остане меѓу нас.

Власта влезе во сите пари на општеството.

Радмило Миќковиќ

Го нема тоа понижување кое нема да го поднесеме, само за да ја сочуваме својата гордост!

Србија не е мртво море. Напротив, Србија е живо блато!

Од Србија нема подобра земја. За укоп!

 

Весна Денчиќ

Сè приватизиравме. Ни остана само колективното лудило.

Кај нас демократијата е уште во повој, а нема кој да ја смени пелената.

Животот ни е мошне возбудлив. Вистински хорор.

Милан Ќировиќ

Само вие дајте ни рамка за влез во Европската унија. А ние таму ќе се сликаме.

Колата ми беше добра. И после ја расипа улицата.

Не знам зошто добив отказ. Ништо не направив.

 

Александар Чотриќ

Размислувањето на обичен српски вол во денешно време не е сатирична приказна, туку политичка програма.

Човек со празни џебови побрзо тоне.

Удираме со глава во ѕид. Така ние ги прошируваме видиците.

Милан Тодоров

Знаевме дека Србија ќе биде уредена земја, ама не се надевавме дека ќе биде олку добро оградена.

Мораме да носиме тешки одлуки. Поради тоа немаме сила да ги спроведуваме.

Без тимска работа нема успех, затоа ние практикуваме колективно лудило.

 

Зоран Т. Поповиќ (1957-2022)

Умот денес ни е потребен повеќе од било кога. Исто како и вчера.

Еднаш ни падна мрак на очи и никако да се расчисти.

Ние ќе исчезнеме како народ за на непријателот да му ја прикриеме трагата.


Избор и превод: П. В.

Карикатури: Тошо Борковиќ